Најмалку пет лица се уапсени кога крајбрежната стража во близина на Канарските острови пресретнала рибарски брод во кој биле пронајдени два тони кокаин, соопшти денеска шпанската полиција.

Брод на крајбрежната стража вчера го пресретна чамецот „Акт еден“ во водите јужно од шпанскиот архипелаг и го придружуваше до Ла Палма во Гран Канарија. Локалниот весник „Ел Диа“ објави дека полицијата запленила најмалку два тона кокаин, чија улична вредност се проценува на 50 милиони евра.

Портпаролот на шпанската цивилна заштита изјави дека властите се обидуваат да ја проценат точната количина на кокаин. Петмината уапсени се во притвор во Ла Палма.