Грчката крајбрежна служба рано утрово спасила 75 мигранти во близина на Пелопонез, кои синоќа преку бројот 112 за итни случаи побарале помош поради проблеми со едрилицата со која се превезувале, јави дописничката на МИА од Атина.

По побараната помош во морскиот дел три наутички милји јужно од областа Лаконија на Пелопонез, како што соопштија од грчката крајбрежна служба, веднаш започнала спасувачката акција со два патролни чамци и три брода што пловеле во близина, по што едрилицата, со реморкер, безбедно била извлечена на копно.

Мигрантите, од кои 69 се мажи и шест жени, биле префрлени на пристаништето во градот Неапол.