Во Брисел министерски состанок за транспортерите
По бурните протести на граничните премини и блокадите кои предизвикаа милионски загуби, во Брисел денеска министерски состанок на европската комисија со земјите од Западен Балкан. Ќе се бара решение за проблемот со престојот на професионалните возачи од регионот во Шенген-зоната.
Изминатата недела превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на граничните премини го блокираа транспортниот сообраќај, барајќи „правична и практична регулатива“ за нивната работа. Европската комисија најави дека ќе ги прифати клучните барања, па блокадите беа укинати.
Брисел најави дека камионџиите ќе добијат професионален статус, што им овозможува да остануваат подолго од сегашните ограничувања од 90 дена во 180-дневниот период.
