Најмалку уште 100 цивили се останати во фабриката за челик, што е под силен руски оган во јужниот украински град Мариупол, изјави денеска помошникот градоначалник Петро Андриушенко.

Мариупол ги преживува најразорните битки во руската инвазија и војната во Украина.

Железарницата Азовстал е последниот дел од градот што се уште е во рацете на украинските борци.

Украина претходно соопшти дека сите цивили го напуштиле Азовстал, а Русија објави дека е завршена евакуацијата на цивилите од фабриката.

-Покрај армијата, во засолништата во Азовстал има најмалку 100 цивили. Сепак, тоа не го намалува интензитетот на окупаторските напади, напиша Андриушченко на Телеграм.

Русија не ги коментираше неговите тврдења, а запдните медиуми не успеаја да добијат независна потврда на наводите.