Телата на 44 цивили се пронајдени во урнатините на петкатната зграда во Изјум, која беше уништена од руските сили во март, изјави денеска шефот на украинската регионална воена управа во Харков Олег Синегубов.

– Во привремено окупираниот Изјум, под урнатините на петкатницата уништена од окупаторите во почетокот на март, пронајдени се телата на 44 цивили, изјави Синегубов, пренесува Би-би-си.

Тој на Телеграм оцени дека ова е „уште едно ужасно воено злосторство на руската армија врз цивилното население“.

Би-Би-Си наведува дека не е во можност да ги потврди овие тврдења од независни извори.