Ниските палти и игнорантскиот однос на властите кон академската фела ги “вади“ професорите надвор од факултетите.
Сојузот на синдикати на УКИМ го повикува наставниот и ненаставниот кадар, во четврток 2 јуни во 10 часот пред платот на Ректоратот заедничи преку мирен протест да го изразат револтот и незадоволството од игнорантскиот однос на надлежните органи кон Универзитетот Св. Кирил и Методиј и непотпишување на колективниот договор.
Во време на повеќеслојна криза, палтите во високото образование тапкаат во место.
Претседателот на Сојузот на синдикат на УКИМ, проф. Д-р. Ангел Ристов за Лидер вели дека најитно бараат потпшување на колетивниот договор со предвидените четиригодишни проекции за покачување на платите, односно 25 % зголемување на платите на годишно ниво во наредните 4 години.
Повеќе од две години Синдикатот на УКИМ води правна битка а повеќе од една година преговараат за подобрување на опшетствениот статус на наставниот и ненаставниот кадар на УКИМ, но досега немаат добиено никаков повратен одговор од Министертсвото за финасии и Собранието.
-Со ребалансот на Буџетот , колку што ни е познато не се предвидени средства за зголемување на нашите плати, поради што се одолговлекува поптпшувањето на колкетивниот договор на ниво на работодавец УКИМ, вели проф. Д-р. Ангел Ристов.
Со овој мировен предупредувачки протест, засега не се доведува во прашање “судбината“ на околу 50 000 студенти со полагањето во јунската сесија, но доколку не наидат на слух од Владата, членството дополнително ќе одлучува какви активности ќе бидат преземени.
Тие со отворено писмо се обратиле до Премиерот, Претседателот на Собранието и Министерот за финансии, но одговор нема.