Дваесет и едногодишниот осомничен за нападот со комбе во близина на Парадата на гордоста во Берлин е убиен во полициска акција, објавија германските медиуми. Според регионалниот јавен радиодифузер Рундфунк Берлин-Бранденбург, станува збор за Абдул Балут, кој бил смртно застрелан во комплекс за рекреативни паркови во берлинскиот кварт Шпандау.
Масовната потрага по осомничениот почнала по нападот, кој се случил синоќа околу 22 часот по локално време. Во операцијата биле вклучени стотици полицајци.
Германските власти претходно издадоа налог за апсење на 21-годишниот маж, осомничен дека со комбе влетал во толпа во близина на Парадата на гордоста. Во нападот загина едно лице, а најмалку 16 беа повредени.
Полицијата и обвинителството апелираа до граѓаните да помогнат во неговото пронаоѓање, откако беше идентификуван како Абдул Б. Според претходните информации на властите, осомничениот бил поврзан со исламски групи што дејствуваат во Берлин.
Нападот се случил кога комбе удрило во толпа луѓе во близина на настанот, по што била започната интензивна полициска потрага што завршила со неговото убиство во Шпандау.
