Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 181 возач.
Како што информираат од МВР, едно возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.
На територија на СВР Штип пак, вчера беа санкционирани 11 возачи кои возеле под дејство на алкохол. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението на МВР.