Во февруари годинава во земјава вкупно се потрошени 733.115 мегават часови електрична енергија, 39,588 милиони нормални кубни метри природен гас, 403.441 тон јаглен и 90.747 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 64,1 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 98,8 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.