Од Итната медицинска помош вп СВР Скопје вчера во 12:30 часот било пријавено дека во фирма на бул.„Србија“ бил пронајден починат Д.С.(23) од Скопје.
Како што информираат од МВР, екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и за настанот бил известен трудов инспектор.
Како што посочуваат, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.