На регионалниот пат од село Мрзенци кон село Прдејци, вчера во 14.00 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор “Богородица“ дале знак за запирање на патничко моторно возило „форд мондео“ со германски регистарски таблички, но возачот не запрел и се упатил во правец на Прдејци.
Како што соопштуваат од МВР, по преземени мерки, возилото набрзо било пронајдено и при преглед во истото и пребарување на теренот, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, додека возачот се дал во бегство.
Известен бил Јавен обвинител и се работи на расчистување на случaјот.