Во периодот од 16.00 до 20.00 часот на територија на општина Кисела Вода Населба Драчево санкционирани се вкупно 47 возачи, меѓу кои 14 за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол….
Во периодот од 20.00 до 24.00 часот на територија на општина Илинден санкционирани се вкупно 31 учесник во сообраќајот, од кои осум управувале возило без возачка дозвола, три со измината важност на регистрација на возилото, пет возеле под дејство на алкохол, шест санкции за возач почетник…
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.