Во Италија денеска стапи на сила задолжителната вакцинација против Ковид-19 на граѓаните над 50 години.
Оние кои не биле вакцинирани, тоа може да го сторат до крајот на јануари.
Од 1 февруари казна од 100 евра ќе добијат сите оние кои не биле вакцинирани, не примиле втора или бустер доза и покрај можноста да го сторат тоа.
Мерката ќе биде на сила до 15 јуни и ќе важи за сите жители над 50 години, вклучително и странски државјани.
Од 15 февруари оваа возрасна група ќе треба да покаже потврда за вакцинација или за прележан Ковид-19 на работа, а без тој сертификат ќе бидат принудени да работат од далечина.