Италија сака да вакцинира 80 проценти од населението до крајот на септември со цел да се здобие со т.н колективен имунитет.
Илјадници луѓе повторно учествуваа на протестите во текот на викендот во Италија против претстојните мерки за коронавирус што треба да стапат на сила другата недела.
Од 6 август, луѓето што сакаат да јадат во ресторан или да одат во музеј, на пример, ќе треба да покажат доказ за барем една примена доза вакцина против коронавирус, потврда дека имале коронавирус или негативен тест.