Земјава во јануари годинава вкупно потрошила 709.217 мегават часови електрична енергија, 33,294 милиони нормални кубни метри природен гас, 564.355 тони јаглен и 105.213 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, целата потрошена електрична енергија е обезбедена од домашни извори, а 99,8 отсто од потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.