Заболениот од индискиот сој на ковид-19, кој се лекува во приватна болница во Скопје, е во добра состојба, дознава Плусинфо.
Тој е во добра општа состојба и не прима специфична терапија.
Инаку утринава министерството за здравство информираше дека кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница минатата недела е детектирано присуство на индиски сој на вирусот СарсКов2.
-Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик, соопштија од МЗ.