Ноќта меѓу четвртокот и петокот во спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 9 лица: И.К.(41) од Скопје, Н.Ј.(29) од Пробиштип, П.В.(26) од Битола, С.Г.(31) од Скопје, Н.К. од Косово, Г.Г.Р.(31) од Мексико, Д.М.(23) од Скопје, Ф.П.(30) од Скопје и Н.И.(22) од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и грутчеста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.