Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување подигнаа корозирана авионска бомба пронајдена на градилиште во Кавадарци
На 21.08.2025 година, во 09:20 часот, во ОВР Кавадарци Т.Д. (39) од Кавадарци пријавил дека на градилиште на улица „Нов Белград“ во Кавадарци е пронајдена корозирана авионска бомба.
Увид извршила екипа од ОВР Кавадарци, која ја документираше локацијата и состојбата на бомбата. Денеска, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола безбедно ја подигна пронајдената корозирана авионска бомба.