Состојбата со труењата со минерални води и сокови во Република Хрватска, се следи, но досега нема информации дека од штетните пијалоци има на македонскиот пазар, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија.

Оттаму велат дека како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни – RASSF, до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.

Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ ја следи состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска. Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи, истакнуваат од АХВ.