На 01.02.2023 на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции – Мобилна единица, во содејство со службата за мобилни тимови при Царинската управа, при преглед на патничко возило „мерцедес спринтер“ откриле околу 620 парчиња производи за широка потрошувачка и поголема количина текстил, кои не биле пријавени за царинење од лицето кое го управувало возилото.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.