Од УХМР информираат дека денеска во земјава ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, особено во западните делови. Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Утринската температура изнесуваше од 13 до 22, а максималната денеска ќе достигне од 32 до 41 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Во недела и понеделник температурата ќе се намали за неколку степени, а од вторник повторно ќе биде во пораст. За во вторник и во среда се прогнозирани максимални температури до 39 степени.