Во центарот на Нови Сад се одржа протест за поддршка на Палестина. Неколку собрани, главно мажи, извикуваа слогани на централниот градски плоштад, со порака дека „сега е моментот да се каже доста за израелската окупација“.

Тие пееја стихови кои повикуваат на ослободување на Палестина и ја нарекуваат окупацијата злосторство, пренесува порталот 021.rs.

Насобраните ги носеа знамињата на Србија и Палестина.

Израел и Палестина влегоа во уште еден во низата децениски конфликт откако палестинскиот Хамас го нападна Израел.

Светот остана во шок по објавувањето на вести, фотографии и сведоштва за злосторството на Хамас врз учесниците на музички фестивал во близина на Појасот Газа. Тогаш беа убиени повеќе од 250 луѓе.

После тоа Израел започна воена операција во Газа.