Алекс Салмонд (69) поранешниот премиер на Шкотска почина попладневно за време на ручекот на конференцијата што се одржува во хотелот Инекс Горица во Охрид.
Според нашите информации Салмонд починал од срцев удар за време на ручек органзиран по настанот, а кога пристигнале лекарските екипи и се обиделе да го реанимираат , тој веќе бил починат.
Алмонд вчера имаше излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.