Се монтираат топловодни пумпи кои ќе работат на систем воздух – вода, со кои во голема мера ќе се заштеди гориво. Инвестицијата е вредна 2,2 милиони денари, финансиски средства на училиштето, информираат од Општина Велес.
Воедно, информираат дека освен реконструкцијата на парното греење, училиштето наскоро ќе добие нова спортска сала.
Во изградбата на спорстката сала ќе се инвестираат 24,5 милиони денари, средства од Министерството за образование и наука.