Од општинската прес-служба информираат дека оваа програма е дел од оперативниот план на Владата, активните програми и мерки на пазарот на трудот за 2021 година.

Од Општина Илинден потенцираат дека станува збор за две мерки: Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата и Поддршка за претприемништво и формирање на правни субјекти-даватели на услуги за грижа на заедницата.

– Со првата мерка се овозможува поддршка на постоечки правни субјекти/ Здруженија на граѓани кои преку посебна организациона единица ќе испорачуваат социјални услуги во домот и социјални услуги во заедницата за лица со попреченост и лица со најтешки хронични болести и долгорочно болни лица. Услугите кои ќе се испорачуваат од страна на поддржаните даватели на услуги ќе бидат усогласени со стандардите на квалитет и процедурите коишто се утврдени или, ќе се утврдат од страна на Министерството за труд и социјална политика, посочуваат од општината.

Оттаму потенцираат дека преку мерката ќе се обезбедат услуги за одмена на семејна грижа, преку која се обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови на семејството заради одмена, одмор и задоволување на лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив.

– Целта на втората мерка е поддршка за создавање нови работни места преку отворање нови правни субјекти – Здруженија на граѓани коишто ќе обезбедуваат услуги за грижа во заедницата. Овие мерки се наменети за невладиниот сектор, невработените лица, а целта е на локално ниво да се претстават можностите преку „Економија на грижа” за воспоставување и унапредување на социјални сервиси на локално ниво, велат од општината.

За овие мерки заентересираните можат да аплицираат преку следните линкови:

https://mk.undp.org/content/dam/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/docs/Aplikacionen%20formular%207.2.docx

https://forms.gle/U1gcD5DNQMiZ27Qq9