Градоначалничката на главниот град на САД, Мјуриел Баузер, во интервју за телевизијата Си-ен-ен го одбрани своето решение да забрани танцување на свадбите, подвлекувајќи ги успесите постигнати од градот во борбата со пандемијата.

Баузер на 26 април објави дека во Вашингтон повторно може да се прават свадби, но со ограничен број гости и без стоење или танцување, затоа што таа практика го прави ризикот од заразување со коронавирус поголем.

Таа истакна дека младоженците не треба да се ставаат во ризик себе си и гостите.

-Мислам дека во свадбите има многу добрина, луѓето започнуваат свој заеднички живот и го прават тоа на безбеден начин, без да се ставаат во опасност себе или своите гости, изјави таа синоќа во интервјуто.

-Оваа вест може да се претстави и поинаку: сега во Вашинтон може да се прават свадби, рече Баузер.