Во Пакистан воведен полициски час поради демонстрациите против нападот врз Иран

Пакистанските власти воведоа тридневен полициски час и распоредија војници во североисточните градови Гилгит и Скадрум откако неколку лица загинаа за време на демонстрациите поради убиството на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Неколку илјади демонстранти вчера ја нападнаа канцеларијата на Воено набљудувачката група на Обединети нации, која го надгледува примирјето во регионот Кашмир. Демонстрантите запалија и полициска станица и оштетија едно училиште.

Покрај инцидентите во североисточниот дел на Пакистан, демонстрантите вчера упаднаа во Конзулатот на САД во Карачи, јужен Пакистан. Полицијата одговори со солзавец и огнено оружје, при што загинаа 10 луѓе, а 50 се повредени.

Едно лице загина и во судирите со полицијата во Исламабад, кога демонстрантите се обидоа да се упатат кон Амбасадата на САД.