Најмалку 34 лица загинаа во експлозија на продавница за пиротехнички средства во Карачи, пожарот се прошири и на околните објекти

Најмалку 34 луѓе загинаа во експлозија на продавница за пиротехнички средства во пакистанскиот град Карачи. Пожарот изби во продавницата и подоцна се прошири на околните објекти, предизвикувајќи помали експлозии.

Се уште не е познат бројот на повредени лица, ниту обемот на причинетата материјална штета. Службите за итни случаи интервенираат на теренот и преземаат мерки за ограничување на пожарот.

Местото на експлозијата е обезбедено додека трае истрагата за причините за несреќата.