Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, в понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер.

 

Според прогнозата на УХМР, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе почне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег.

 

-Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски температури. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.