Со новите случаи на инфекција во Португалија, која се соочила со тешка борба против коронавирусот во јануари, што го стави здравствениот систем на работ на колапс, вкупниот број на заразени се искачил на 860.365.

Денеска биле пријавени шест смртни случаи, со што бројот на жртви се искачил на 17.055 од почетокот на пандемијата. Бројот на луѓе на кои им е потребна хоспитализација – и во болничките соби и во единиците за интензивна нега – исто така, се зголеми.

Зголемувањето на бројот на заразени доаѓа помалку од еден месец откако Португалија, зависна од туризмот, ги отвори своите граници за посетителите од Европската унија и Велика Британија, откако земјата започна да ги олеснува строгите правила за карантин кон средината на март. Досега веќе се отворени повеќето продавници.

Португалските власти денеска соопштиле дека ќе им дозволат на посетителите на САД кои презентираат негативен тест за коронавирус да влезат во земјата.

Владата била критикувана затоа што минатиот месец дозволила два масовни собири на фудбалски навивачи.

Како што времето станува сè потопло, илјадници луѓе се насобраат на плажите и терасите низ земја со над 10 милиони жители, каде што само 2,3 милиони биле вакцинирани против коронавирус.