Уставен суд денеска бира нов претседател кој ќе дојде на местото на Добрила Кацарска чиј тригодишен мандат завршува на 2-ри јуни и нема право на реизбор.
До сега се одржале два круга на гласање, но ниту една од двете кандидатки не ги добила потребните шест гласови, односно две третини од гласовите на уставните судии.
Според извори на Телма, двете кандидатки се Ана Павловска Данева и Татјана Васиќ Бозаџиева.
Уставните судии не се кандидираат сами за претседател на судот, туку ги кандидира некој од останатите судии. Не е познато кој ги кандидирал Павловска Данева и Васиќ Бозаџиева, но вчера претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во интервјуто во Топ Тема на Телма рече дека таа нема да кандидира никој, за тоа да не биде сфатено дека пренесува нечија порака.
Сега треба да се спроведе и третиот круг на гласање, но тоа не е невообичаено во изборите на претседател на Уставнито суд. Досега имало повеќе искуства кога претседател на бил избран во првиот круг и имало ситуации кога било потребно уставните судии да гласаат повеќе пати, велат нашите извори.
Кој ќе седне во удобната претседателска фотелја, треба да се дознае наскоро.