На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции.

За возење под дејство на алкохол, информираа денеска од МВР, изречени се 33 мерки, додека 19 санкции се за возење без возачка дозвола.

Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон, 13 санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за возач почетник, пет за нерегистрирани возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.