Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на Град Скопје се евидентирани 166 прекршоци.
Од вкупниот број прекршоци, 29 се однесуваат на возење повеќе од дозволената брзина, 19 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за минување на затворен сигнал, 54 за непрописно паркирање.