Денеска (16.04.2022) во периодот од 10.00 до 18.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 37 возачи. Од нив, 19 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење.
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.