При претрес во домот во Скопје во кој живее, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и поголем износ на пари во различни валути и апоени.
Тој бил предаден во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, наведуваат од МВР, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.