Штрковите, како што објави порталот Скопје инфо, се препознатлив знак за ова село, а нивните гнезда може да се видат кога се патува со воз од Скопје кон Велес, Битола или Гевгелија.
На некого му пречеле овие прекрасни птици, кои не прават ни врева ниту штета на луѓето, се хранат со жаби, змии и риби и се чистачи на човековата околина.
Жителите од Орешани се згрозени од овој злочест чин на непознатиот сторител.