Во Словенија во последните 24 часа се потврдени рекордни 7580 нови случаи на инфекција со коронавирус, од повеќе од 14000 тестирања, соопшти Националниот институт за јавно здравје.

Веќе десете дена во низа бројот на заболени од ковид во Словенија забрзано расте, што му се препишува на сојот омикрон.

Последниот дневен биланс претставува зголемување од 70 проценти во однос на евиденцијата од пред една недела.

Стапката на позитивност на ПЦР тестирањето се искачила на 53 проценти.