Претседателот на Бугарија Румен Радев доцна попладне ќе се сретне со заменик претседателот на „Продолжуваме со промената“, именуван од најголемата пратеничка група во 47. Народно собрание, Асен Василев, јави дописникот на МИА од Софија.

Пред да се објави дали „Продолжуваме со промената“ го има потребното мнозинство од 121 пратеник, ќе има протести пред претседателската палата.

Кандидатот за премиер Василев изјави дека сè уште нема мнозинство во Народното собрание од 121 пратеник, бидејќи недостигаат шест пратеници.

Политикологот Милен Љубенов прогнозира дека владејачката партија оди на нови предвремени избори во Бугарија затоа што „Продолжуваме со промената“ и „Демократска Бугарија“ имаат изборна предност, а партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“, според анкетата на „Алфа рисрч“, е под прагот за влез во идниот парламентарен состав.

Попладне се очекува во Софија да има митинг за поддршка на прозападната партија „Продолжуваме со промените“ и зачувување на досегашниот надворешна политика.