Вакцинацијата на лицата кои спаѓаат во 1б групата стартуваше вчера во поликлиниките „Јане Сандански“, Чаир и Букурешт во Скопје, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци.
Утре ќе почне и вакцинацијата во останатите градови – Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод.
Вакцинацијата се одвива на постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите низ државата. Пунктовите работат од 8 до 20 часот секој ден од понеделник до петок. Закажувањето на термин го прави матичниот лекар, кој е должен на секој граѓанин да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа каде се спорведува вакцинација против Ковид-19, стои во соопштението.