При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 106 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина (ТЕ-76 и ГВ-30) надвор од населено место, претежно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. Од нив 13 возачи (ТЕ-5 и ГВ-8) ја пречекориле брзината за над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 58 возачи (ТЕ-36 и ГВ-22) за повеќе од 50 километри на час над дозволеното.

Покрај ова, санкционирани се и 60 возачи (ТЕ-40 и ГВ-20) што се движеле со поголема брзина од дозволената во населено место.

Двајца од санкционираните (ТЕ) возеле со над 50 километри час повеќе од дозволеното, а откриени се и 6 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-3).