За сите на кои им се изречени мерки, изготвени им се соодветни поднесоци, додека паричната глоба за овој вид прекршок, согласно член 23 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата изнесува 40 евра во денарска противвредност, а за совозач глобата е 50 евра.

-Секторот за внатрешни работи Тетово со уште едно потсетување на возачите дека некористењето на сигурносни појаси, не само што претставува законски прекршок, туку најдиректно ја доведува во ризик нивната и безбедноста на другите во возилото односно сопатниците, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

СВР Тетово со апел до возачите, исто така, додека ги управуваат возилата да се воздржат, односно да не користат мобилни телефони, кои во голема мерка им го одвлекуваат вниманието.

-За десет месеци од оваа година на тетовските простори санкционирани се 361 возач кои возејќи користеле мобилни телефони, изјави Јосифоски.

Тие ќе се соочат со парични глоби од 40 евра во денарска протиивредност согласно член 24 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. (МИА)