Африканскиот центар за контрола и превенција на болести денеска соопшти дека во Уганда е пријавен изолиран случај на марбург треска, хеморагична болест со висок ризик.
Во соопштението на Министерството за здравство во Уганда се наведува дека ниту еден од контактите на заразеното лице не развил симптоми на вирусната болест и оти во моментов нема други активни случаи на марбург треската.
Болеста, предизвикана од вирусот марбург, кој е ист вид вирус како и еболата, и предизвикува силни главоболки и доведува до крвавење.
