Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода 24-годишниот Р.С. од тој град, бидејќи по вербална расправија во семејната куќа со остар предмет му нанел повреди на неговиот 54-годишен татко.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.