Емисијата во живо може да ја погледнете ТУКА.
Лазаров на новата функција дебитираше на најдобар можен начин, со победа над актуелниот светски шампион Данска со што беше заверен пласманот на ЕП.
Во последните два натпревари од квалификациите против Финска и Швајцарија, Лазаров ќе ги искористи за главната цел, да се направи една респектабилна македонска репрезентација која во наредните 10-тина години треба да биде редовен учесник на големите натпреварувања како што тоа беше случај и досега.
– Имаме голема љубов, желба и ентузијазам да работиме и да создадеме нешто ново, некој нов „производ“. Ќе ги сфатиме максимално сериозно натпреварите против Финска и Швајцарија. Имаме конкретна, јасна слика за Финците, во каков состав и со што би можеле да изненадат. Помалку или повеќе сме подготвени за тој меч, затоа што фативме рутина на функционирање на овој систем. Ние сме ракометна нација, клупско и национално, и така и ќе се поставиме. Секој треба да си преземе одговорност, јас како селектор, играчите индивидуално и не треба во ниту еден момент да се посомневаме дека Финска треба да ни направи проблем, треба почит спрема нив и нивниот ракомет, и своите вложувања, но ние одиме на победа – вели Лазаров.
Лазаров одлучи на денешниот натпревар тој и неговиот помошник Филип Миркуловски, да бидат дел од ракометарите кои ќе настапат на денешниот натпревар,