На крајот од свечената програма, со говор ќе се обрати Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Свечената прослава по повод 33 години независност може да ја следите во живо на МРТ1 со почеток од 11:00 часот, следете ја ТУКА.

Слоган „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“

Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, во 13:00 часот.

Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видеоспотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар.

Видео запис

Во рамките на свеченоста ќе биде прикажан и специјално подготвен пригоден видеоспот од прославата на независноста кое вклучува архивски материјали од Референдумот во 1991 година.