Симеоне има важечки договор со Атлетико до лето 2022 година, а според шпанските медиуми, клупското раководство му нуди продолжување на соработката за уште две години.
Разговорите за продолжување на соработката биле иницирани од раководството уште пред крајот на сезоната со цел да му покажат на Симоне дека се задоволни од неговата работа.
Симеоне дојде во мадридски Атлетико на крајот од 2011 година од редовите на аргентински Расинг. Со Атлетико ја освои шампионската титула и во 2014 година, шпанскиот Куп една година порано, како и по два трофеи во Лига Европа и европскиот Супер куп.