Во Софија вчера беше убиен познат бугарски бизнисмен, политичар и поранешен припадник на државната безбедност Алексеј Петров, пренесува Фактор.

Тој бил застрелан во населбата „Драгеловци“ во Софија, каде го пронашле припадници на МВР, а на местото на настанот имало и жена која во тешка состојба била пренесена во болница.

Алексеј Петров во 2010 година беше приведен и обвинет дека е водач на криминална група која се занимавала со рекетирање и изнуда. Во октомври истата година му е изречена мерка куќен притвор, а пријавата е сведена на рекет и изнуда. Во февруари 2014 година, Специјалниот суд одлучи да ја прекине истрагата.

Четири години по истрагата, обвинителството не ги собрало потребните докази за да поднесе обвинителен акт и да оди на суд, пишуваат бугарските медиуми.

Имаше два обиди за атентат врз него – во 2002 и 2015 година. Во првиот тој беше застрелан во градите и ногата, а никогаш не беше откриено кој е атентаторот и која е причината за тоа злосторство. Неофицијално се говори дека станува збор за пресметка во прераспределбата на работните места за обезбедување и осигурување, пишуваат бугарските медиуми. Петров најави награда од 100.000 долари за информација кој стои зад нападот врз него.

Ко-основач на осигурителните компании „Аполо и Балкан“ и „Спартак“.

Бил тренер на бугарската карате репрезентација. Докторската дисертација за проблемите со обезбедувањето на фирмата ја одбрани на Академијата на МВР.

Петров бил постојано вработен во Државната безбедност. Бил кандидат и на претседателските избори.

Извор:Н1.инфо.рс