На 10 ноември 2026 година, собраниската Комисија за одбрана и безбедност ги прифати предложените измени на Статутот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, со што успешно е завршена првата фаза од постапката за нивно усвојување.

Предложените измени, за кои Владата на Република Македонија претходно даде позитивно мислење, создаваат услови за формирање Институт за воени науки, Катедра за воено воздухопловство и Катедра за стратегиски истражувања, што претставува значаен исчекор во институционалниот развој на Академијата, унапредувањето на военото образование, научноистражувачката дејност и јакнењето на одбранбените капацитети на Македонија.

Ова е вложување во знаењето, во развојот на воената наука и во подготовката на идните офицери, но пред сè во сопствените национални способности за безбедност и одбрана на татковината.

Воената академија изразува особена благодарност до министерот за одбрана Владо Мисајловски за континуираната поддршка, посветеноста и конкретниот придонес во реализацијата на развојните приоритети и јакнењето на институционалните капацитети на Академијата.