Од Европската Унија порачуваат дека „двојно ќе ги зголемат напорите“ за прекинување на судирите и ќе бараат решенија за унапредување на односите за време на денешниот состанок.
ЕУ исто така, го оцени како „многу загрижувачки“ уништувањето на зградите во кои се наоѓаа претставништвата на големите медиумски куќи, со напомена дека безбедните услови за работа на новинарите се од клучно значење.