Загрепската полиција цела ноќ трага по четворица мажи кои учествувале во крвав инцидент што се случил по полноќ во градот. Во пресметката се повредени пет лица, од кои четири се деца.

Според информациите, конфликтот започнал како вербална расправија, а потоа прераснал во тепачка во која биле употребени летви, колци, чекани и мачети. Ситуацијата дополнително ескалирала кога еден од напаѓачите извадил огнено оружје и почнал да пука, при што едно дете било погодено со прострелна рана во ногата.

Полицијата спроведува потрага по осомничените, а како можен мотив за инцидентот се наведуваат нерасчистени сметки и долгови поврзани со купопродажба на автомобили.